Двајца скопјани фатени на дело како крадат

од Nikola Popovski

На 09.04.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје.

Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на ул. „Фјодор Достоевски“, при што одзеле повеќе предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини