Двајца повредени по сообраќајка на патот Битола-Ниже Поле

од Vladimir Zorba

Вчера во 20,00 часот во Битола, „Битола-Ниже Поле“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди А6“ со битолски регистарски ознаки управувано од Г.И.(29) од Битола и патничко моторно возило „Ауди А3“ исто така со битолски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(36) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на капаче од десно колено) се здобил М.Ш кој е пренесен во Клиничка болница Битола каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување, и сопатничката на патничко моторно возило „Ауди А3“, С.Ш.(30) од Битола која се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на капаче од лево колено) по што е пренесена во Клиничка болница Битола каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Битола.

Слични содржини