Двајца скопјани со пиштоли му се заканувале на цело семејство во двор

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи инфомира дека вчера во 23:40 часот на ул.„Македонско – косовска бригада“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Х.(34) и С.Н.(32), двајцата од Скопје.

„Двајцата околу 18:30 часот, заедно со А.Ш. и уште едно лице, во дворот на Ш.М.(46) на ул.„Македонско–косовска бригада“, со огнено оружје упатиле закани кон него и неговото семејство. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

Слични содржини