Две години од смртта на Коби Брајант

од Vladimir Zorba

Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, загина на денешен ден пред две години во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, во која животот го загубија сите девет лица, меѓу кои и неговата ќерка Џиџи Брајант.

Пред точно две години светот го погоди една од најголемите спортски трагедии во која животот го загуби легендарниот Коби.

На 26 јануари 2020 година, Брајант отиде на кошаркарски натпревар со својата ќерка Џиџи, и покрај лошите временски услови, беше одлучено да полета. Излезе дека е направена голема грешка, хеликоптерот влегува во голема магла и се урна во близина на Калабасас – западниот дел на Лос Анџелес.

Покрај Коби и Џиџи, во хеликоптерот биле и бејзбол тренерот Џон Алтобели, уште петмина патници и еден пилот.

Во официјалниот извештај за падот на хеликоптерот на повеќе од 600 страници, се наведува дека пилотот Ара Зобајан најверојатно доживеал просторна дезориентација, поради што верувал дека хеликоптерот се качува, иако всушност се спушта, пренесе АП.

Се додава дека пилотот можеби почувствувал притисок да полета, поради еминентен клиент како Коби Брајант, и дека поради тоа ризикувал и летал во лоши услови.

Утврдено е дека на хеликоптерот немало механички дефекти.

Брајант ќе остане запаметен како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, откако со Лос Анџелес Лејкерс освои пет титули во НБА лигата и држи бројни рекорди.

Коби почина на 42-годишна возраст, а неговата ќерка имаше неполни 14 години.

Слични содржини