ДЗС: Лажни информации се дека во апликацијата можат да се внесат 13 нули во полето за матичен број

од Vladimir Zorba

„Динамиката на попишување се одвива успешно. Бројките покажуваат дека досега се попишани над 22 илјади лица од дијаспората“, соопштија од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Оттаму велат дека во изминатиов период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција и уште еднаш алармираа да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можат да се внесат 13 нули во полето за матичен број.

„Ова не е возможно, ниту пак видовме каков било доказ или „print screen“ за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви прилагодувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец кој пред Законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци. Внесените податоци од друга IP адреса преку VPN врска на Апликацијата за самопопишување, не претставува дополнителен ризик за Апликацијата, туку одговорнсот за самиот попишувач“, исѕакнуваат од ДЗС.

Потсетуваат дека Скеил Фокус ДООЕЛ Скопје, компанијата што ја изработи Апликацијата за самопопишување согласно Законот за попис, е направена по светски стандарди и не може да биде одговорна за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето.

„Ова, потенцираме уште еднаш, е одговорност на самите граѓани кои ги внесуваат нивните податоци, а тоа и е утврдено со Законот. Да бидеме одговорни и заеднички да придонесеме за успешен попис“,посочија од Државниот завод за статистика.

Слични содржини