Еден од најпочитуваните светски економисти откри лоши вести за граѓаните

од desk4
Главниот економист на Европската централна банка Филип Лејн, кој има важна улога во креирањето на монетарната политика на еврозоната,  вели дека во текот на летото не треба да се надеваме на пад на цените и дека наесен цените на овошјето и зеленчукот дополнително ќе се зголемуваат.

„Очекуваме значително намалување на инфлацијата оваа година“. На крајот на минатата година просечната инфлација во еврозоната беше околу 10 проценти. Според нашите проекции, на крајот на оваа година би требало да биде околу 2,8. Сепак годинава инфлацијата би требало значително да се намали. Така ќе продолжи и во 2024 година, а во нашите последни проекции предвидувавме дека ќе се вратиме на посакуваното ниво на инфлација од 2 проценти во 2025 година. Сепак, сега сме мај. Се плашам дека до крајот на годината ќе сеуште ќе имаме значителна инфлација. Ова особено се однесува на цените на храната и услугите. Очекуваме дека ќе има намалување на инфлацијата, но дури по летото“, посочува Лејн.

Според Лејн најголемата грижа на граѓаните се цените на храната и услугите.

„Цените на енергијата беа тема минатата година, но во меѓувреме паднаа.На одреден начин тие беа заменети со високите цени на храната и услугите.Во моментов сме фокусирани на тоа, а меѓу нив постои врска“, вели Лејн.

Слични содржини