293
Единаесет лица се повредени во вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три од нив е причинета материјална штета.
СВР Скопје во денешниот билтен информира дека се санкционирани девет возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 15 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.
Сакнционирани се и 25 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и осум возачи за неносење на сигурносен појас.
Сообрачајната полиција издала 85 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила