Метални парчиња, раскошен накит, украси за коса… Се тоа се модни императиви за најлудата ноќ во годината во која стилските ризици речиси и да не постојат. Но, еден моден избор може да ви го уништи доживувањето.

Станува збор за чевлите, поточно потпетиците кои не би требало да се повисоки од седум сантиметри.
Пред вас е долга и луда но., а во неудобни чевли ќе мора да ја поминете седејќи.
За среќа, трендовите се на ваша страна, а вие ги следите во чекор. Ако бирате повисоки потпетици нека бидат со платформа, а во спротивно придржувајте се до овој совет за да не ви пропадне дочекот на Новата година.