Видео од двојка странци кои голи се снимале на Големата пирамида во Гиза предизвика лутина во Египет, објавија светските агенции.

Триминутното видео снимено ноќе покажува мажи жена како се качуваат на како што се чини Големата пирамида во Гиза со панорамата на Каиро во позадината.
Кога стасуваат на врвот, видеото покажува како жената си ја соблекува маичката и завршува со нивна фотографија во гола прегратка.
Качувањето на пирамидите е казнив прекршок во Египет, а критичарите велат дека инцидентот покажува непочитување на законите на државата и нејзиното конзервативно општество. Министерот за антиквитети Калед ал-Анани го предал случајот на јавниот обвинител за понатамошна истрага, пренесе државната Ахрам онлајн.
https://www.youtube.com/watch?v=kMtFPHCy7_A