Членството на земјите од Западен Балкан соодветствува на политичките и економските интереси на ЕУ.

Еврокомисијата има намера да го забрза процесот за пристапување кон ЕУ на земјите од Западен Балкан, објави “Ди Велт”, повикувајќи се на документ на ЕК, кој ќе биде претставен во вторник во Стразбур.
Тука спаѓаат Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Косово. “Членството на земјите од Западен Балкан соодветствува на политичките и економските интереси на ЕУ”, рече ЕК.
Според претставници на Еврокомисијата Србија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ до 2025 година “При силна политичка волја, при реализирање на реформите и дорегулирање на преостанатите спорни прашања со соседите Црна Гора и Србија ќе бидат подготвени да станат членки на ЕУ”, се истакнува во документот.
Во исто време, ЕК смета дека е неопходно да се склучи “правно обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу Србијаи Косово”.
Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави на 8 ноември минатата година дека според него, Србија и Црна Гора ќе влезат во составот на ЕУ до 2025 година Во моментов кандидати за пристапување кон ЕУ се пет држави: Црна Гора, Србија, Турција, Албанија и Македонија. / ТАСС