Екипата на Торино со своите дресови им оддава почит на загинатите од Шапекоенсе

од desk2
87 прегледи

Торино претстави посебен дрес во кој ќе се појави нивната екипа вечерва против Аталанта во рамки на 15 коло од италијанската Серија А, а кој е дизајниран во чест на загинатите играчи од бразилскиот клуб Шапекоенсе.

Трагедијата која го потресе фудбалскиот свет пред една година, кога авионот со бразилскиот клуб Шапекоенсе падна за време на летот во Колумбија на финалето на Копа Либетрадорес. Тогаш загинаа повеќето играчи, вработени во клубот и новинари.

Оваа случка е особено болна за Торино, затоа што најдобрата екипа на овој клуб на сите времиња исто така загина во авионска несреќа на 5 мај 1949 година.

Специјалниот дрес на Торино е зелен и ги претставува боите на Шапекоенсе. Исто така ќе се најде во продажба, но во ограничен број од 1.500 дресови. Дел од приходите ќе бидат подарени на семејствата на загинатите.

На дресот е и симболот на Торино, бикот, кој е навален во знак на жалост.

„Торо и Шапе ги обедини судбината, пријатели засекогаш“, порачаа од Торино.