ЕКСПЛОЗИЈА ВО РУСИЈА – шестмина загинати во фабриката за експлозиви

од Vladimir Zorba

Шест лица загинаа во експлозија во фабрика за експлозиви во централна Русија, јавуваат руските агенции

Како што е објавено на рускиот канал Rybar Telegram, каде што најмногу пишуваат руски воени блогери, силна експлозија ја потресе најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви.

Станува збор за фабриката „Промсинтес“ во Чапаевск во областа Самара.

Според информациите од итната помош шест лица загинале, а двајца се ранети.

„Експлозијата се случи за време на демонтирање на опрема за поправки во работилницата на фабриката „Промсинтес“ во Чапаевск.

Осум лица се повредени, од кои шест загинаа“, изјави извор за прорежимската РИА Новости.

Слични содржини