Екстрадиран Игор Спасов: Убиецот на Мартина Нешковски пристигна во Идризово

Во Идризово предмалку пристигна, екс полицискиот службен, Игор Спасов кој беше итно екстрадиран од Бугарија, по што ќе мине 14 години затвор, за убиството на младиот Мартин Нешковски во 2011. година.

Екстрадицијата на Спасов следи откако тој на 1 февруари годинава беше приведен од страна на бугарската полиција во Софија по пријава за семејно насилство.

Спасов за македонските истражни органи стана недостапен во 2019-та кога го напушти затворот во Идризово поради здравствени проблеми и потреба од операција и оттогаш му се изгуби секаква трага.

За издржување на затворската казна на Спасов му преостануваат уште 7 години и 3 месеци.

 

Слични содржини