Илјадници луѓе во Источна Канада беа принудени да ги напуштат своите домови , откако поројните дождови и топењето на снеговите предизвикуваат невидени евакуации поради поплавите во северно страна, забележува “Гардијан”.

Една од најпогодените области е предградие на Монтреал, каде што над 6 000 лица беа евакуирани по поплавените подраја. Уште 3 000 лица беа евакуирани во други делови на Квебек, а во Онтарио и Њу Брнзуик уште стотици очекуваат повлекувањето на поплавите во хотели и засолништа.

” Оваа година поплавите се исклучително екстремни “, посочува Урсула Бојер-Вилмер кој е доцент на Универзитетот во Квебек, кој специјализира во управувањето со катастрофи и планирањето на отпорноста на климата.

Климатските промени значи дека катастрофалните поплави ќе станат почести , но експертите велат дека минатонеделните настани го потенцираат фактот дека Канада не направила доволно за да се подготви за такви катастрофи.

Тековните масовни евакуации ги принудија канадските политичари на сите нивоа да се соочат со овој драматичен доказ за климатските промени во една година на парламентарните избори. 

Ова не е прв случај во кој Квебек да биде соочена со  големи  поплави, во 2017 година реките во Квебек достигна слични нивоа.

Брзиот пораст на температурите во текот на пролетта и огромните разлики во количината на врнежите, два фактора за поплавите се поврзани со климатските промени , вели Лора Користин, биолог од Универзитетот на Британска Колумбија.

Но Канада не е направила доволно за да се подготви за поплавите кои најверојатно ќе станат уште почести, бидејќи планетата продолжува да се загрева , предупреди таа и додава: “санирањето на катастрофи ќе биде многу поскапо отколку да бидеме проактивни на ранливи локации “.