Елеганција која ретко се гледа: Џенифер Лопез маѓепса во тесен црн фустан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Џенифер Лопез на премиерата на филмот „The Mother“ го привлече вниманието во софистициран црн фустан со ефективни додатоци во вид на луксузен сребрен ѓердан и потпетици со ремчиња.

На премиерата на новиот акционен филм на Нетфликс „The Mother“, актерката Џенифер Лопез ги воодушеви сите со стајлинг кој е самата дефиниција за елеганција.

Позната по својата способност да ги носи апсолутно сите стилови, овој пат славната холивудска ѕвезда покажа колку беспрекорно изгледа во елегантна облека составена од класичен црн тесен фустан збогатен со раскошна огрлица.

Ја остави својата коса пуштена во препознатливите гламурозни бранови.

Во „The Mother“ на Нетфликс Џенифер Лопез глуми поранешен платен убиец кој се упатува во дивината на Алјаска за да ја спаси својата отуѓена ќерка, која ја игра 14-годишната Луси Паез, која ѝ се придружи на црвениот тепих.

Слични содржини