Емотивна ноќ: Коби Брајант постхумно примен во Куќата на славните (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Вечерва, во Анкасвил се одржа церемонијата на прием во класата 2020 на Кошаркарската Куќа на славните, а целиот настан беше своевидно оддавање почит на легендата на Лејкерс, трагично починатиот Коби Брајант.

Коби постхумно беше примен во избраното друштво, а признавањето и моментот на влегување во кошаркарското друштво на бесмртните ги презеде неговата сопруга Ванеса Брајант, која излезе на сцената во придружба на големиот Мајкл Џордан, заедно со скандирање од публиката „Коби! Коби! Коби! “

„Верувам дека сега се смее на небото затоа што ќе го пофалам во јавноста“, рече Ванеса облечена во виолетова тоалета.

„Повеќе нема да има таков како што беше Коби. Тој беше посебен, скромен, различен. Поголем од животот “, додаде вдовицата на Коби.

Претходно, во Куќата на славните беа претставени Кевин Гарнет и Тим Данкан, големите ривали на Коби на теренот.

„Те ценам. Голема чест е да влезам во Куќата на славните заедно со тебе и Коби “, рече Гарнет обраќајќи му се на Тим, додека Данкан покрај прегледот на неговата кариера, класата на „хофери“ и Коби, особено му се заблагодари на неговиот единствен тренер во кариерата во НБА – Грег Поповиќ, кој поради оваа церемонија го пропушти синоќешниот натпревар во Сан Антонио.

Покрај споменатите тројца, во Куќата на славните во оваа класа место во оваа класа добија и тренерите Руди Томјановиќ и Ким Мулки, потоа Еди Сатон и исто така постхумно Патрик Бауман, како и две дами – Тамика Качингс и Барбара Стивенс.

Слични содржини