Енди Мареј се изнервира од зборувањето на Фоњини (ВИДЕО)

од desk2
484 прегледи

Фабио Фоњини по маратонскиот меч го победи Енди Мареј и се пласира во осмина финалето на АТП турнирот во Шангај.

Со 2: 1 , во сетови 7: 6, 2: 6 и 7: 6 Италијанецот беше подобар од поранешниот прв светски тенисер. Шкотланѓанецот се врати во тенисот по операцијата на колкот и играше подобро последниот месец, но денеска загуби, иако поведе со 6: 5 во третиот сет.

Сепак, победата на Фоњини над Мареј ќе биде запаметена по необичната ситуација што се случи веднаш откако Шкотланѓанецот му зеде брејк на Фоњини и требаше да сервира за меч .

Играчите направија пауза меѓу двата гема, а Фабио Фоњини не престана да зборува за она што го правеше претходно за време на натпреварот. Кога стигнаа до мрежата, Шкотланѓанецот и Италијанецот влегоа во расправија, а откако седнаа, Фоњини не престана да зборува.

Мареј застана да му објасни на судијата што се случува во текот на еден момент, а Фоњини рече: „Зошто се жалите?“ , на што Мареј нервозно му врати ,,Дај затни се “ и продолжи да му објаснува на судијата.

Слични содржини