Епидемија на морбили во Њујорк- градоначалникот нареди сите да се вакцинираат (ВИДЕО)

од desk2

Вонредна состојба е прогласена во Њујорк по појавата на морбили , а градоначалникот нареди задолжително вакцинирање без исклучок.


Во Њујорк се појавија 258 случаи на заболени од морибили , а вонредна состојба е прогласена во Бруклин и тоа во делот наде што живеат ортодоксни Евреи.

Според одлуката на градоначалникот Де Бласио , сите лица , кои не се вакцинирани , ќе мора да примат ММР вакцина против морбили , рубеола и заушки.

,,Не постои дилема дали вакцините се сигурни , ефикасни и спасуваат животи.” , порача Де Бласио.

Градот донесе забрана децата и другите заразени да се појавуваат на јавни места, а доколку има училишта што дозволуваат заразени деца да доаѓаат на настава, ќе бидат затворени.

,,Оваа епидемија ја предизвика група противници на вакцинација врз осниова на опасни дезинформации , до кои дошле врз основа на лажна наука.” , изјави Де Бласио.

Слични содржини