Европските земји ќе се соочат со сериозни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испорака на гас од Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
На средбата со членовите на Турската младинска фондација во Истанбул, тој рече дека сега цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Ердоган посочи дека Турција нема да има проблеми со енергентите оваа зима.