Ердоган: За две години ќе изградиме нови згради во погодените градови (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Најмалку 8.574 лица загинаа, а 49.133 се повредени во Турција по двата силни земјотреса што во понеделникот го потресоа јужниот дел на земјата, потврди во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавува „Анадолија“.

Ердоган денеска го обиколи регионот Кахраманмарас, кој беше најтешко погоден од разорниот земјотрес, за кој се проценува дека е најголемата катастрофа што ја погоди Турција во последните 100 години.

„Досега имаме 8.574 мртви, 49.133 повредени, имаме 6.444 урнати згради“, рече Ердоган на прес-конференција по посетата на шаторската населба.

Тој понатаму изјави дека државата ги мобилизирала сите свои ресурси и организации предводени од АФАД.

„Нашите граѓани не треба да се грижат, никогаш нема да дозволиме да останат на улица“, рече Ердоган.

Ердоган додаде дека на сите семејства погодени од земјотресот ќе им бидат исплатени по 10.000 турски лири, за да им се олесни во овие тешки моменти.

„Нашата цел е да извршиме масовни операции за домување во 10 градови во следната година, исто како што направивме во другите провинции каде што доживеавме катастрофи“, додаде Ердоган.

Слични содржини