Ериксен е многу блиску до враќање во Премиер лигата

од Nikola Popovski

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен добил понуда да потпише шестмесечен договор со англискиот премиерлигаш Брентфорд, јавуваат британските медиуми.

Како што се наведува, постои опција за продолжување на договорот за уште една година по соработката до крајот на сезоната.

Ериксен е слободен играч, бидејќи неодамна го раскина договорот со Интер.

По срцевиот удар на Европското првенство кога едвај преживеа, Ериксен мораше да паузира од фудбалот, по што му бградија дефибрилатор.

Според италијанскиот закон, професионалните спортови со вграден дефибрилатор не се дозволени, па Ериксен морал да ја напушти Италија.

Тој во последните два месеци тренира со дански Оденсе и планира да настапи за репрезентацијата на Светското првенство во Катар. Ериксен за Данска досега одигра 109 натпревари и постигна 36 голови.

Во текот на кариерата играше и за Тотенхем и Ајакс.

Слични содржини