Ериксен и отсутен е најплатен во Интер, иако клубот не го плаќа

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Инетера Кристијан Ериксен е најплатениот играч на тимот од Милано, иако отсуствува поради здравствени проблеми.

Данскиот репрезентативец доживеа срцев удар на почетокот на Европското првенство, му беше поставен дефибрилатор и сега се чувствува добро, но не смее да игра за Интер, бидејќи Италија забранува натпреварување за сите со сериозни проблеми со срцето.

Според медиумите, Ериксен има гарантирани 7,5 милиони евра за тековната сезона, но тие пари не ги одвојува Интер, туку програмата за заштита на клубовите на ФИФА, која ќе му плати на Данецот плата за време на неговото отсуство.

Италијанските медиуми наведуваат дека Ериксен ќе подлежи на нови медицински прегледи на крајот на годината, по што ќе биде јасно дали ќе ја продолжи кариерата.

Слични содржини