Ериксен одби да потпише нов договор со Брентфорд, Јунајтед и Тотенхем се фаворити

од Vladimir Zorba

Кристијан Ериксен одби да потпише нов договор со Брентфорд каде настапуваше во последните шест месеци. 30-годишниот Данец се претстави многу добро откако се врати во игра во јануари, со амбиција да се приклучи на посилен тим во Премиер лигата и што подобро да се подготви за Светското првенство на крајот на годината.

Се зборува дека за него најсериозен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и поранешниот клуб на играчот од средниот ред Тотенхем. Сепак, Ериксен сака повторно да игра во Лигата на шампионите, што автоматски ги прави „петлите“ фаворит за негово привлекување.

Антонио Конте и Ериксен беа заедно во Интер, а штом Данецот потпиша со Брентфорд и покажа дека може да игра на највисоко ниво, менаџерот на Спарс призна дека со задоволство повторно ќе соработува со играчот за врска.

Слични содржини