Ериксен по прв пат на тренинг на Интер по срцевиот удар (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен за првпат го посети тренингот на фудбалскиот клуб Интер, по добиениот срцев удар во првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство.

Миланскиот клуб на својата веб -страница објави дека Ериксен е во „одлична ментална и физичка форма“.

На 12 јуни оваа година, Ериксен доживеа срцев удар на теренот за време на натпреварот против Финска (0:1), во групната фаза на Европското првенство, а неколку дена подоцна му беше вграден уред за контролираше на отчукувањата на срцето.

Во италијанската Серија А е забрането да се игра фудбал со инсталиран таков уред, а се уште е неизвесно дали Ериксен воопшто ќе ја продолжи кариерата.

„Тој сега ќе ја следи програмата за опоравување предложена од данските лекари во Копенхаген. Медицинскиот персонал на Интер ќе биде информиран во текот на целиот процес“, се вели во соопштението на клубот.

Играчот од средниот ред одигра 44 натпревари за Интер и постигна четири гола.

Слични содржини