Ериксен пристигнува во Манчестер Јунајтед

од Stefanija Kuzmanovska

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен постигна договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат британските медиуми.

„Скај спорт“ наведува дека по лекарските прегледи, Ериксен треба да потпише тригодишен договор со тимот од „Олд Трафорд“.

Данскиот фудбалер меѓу „црвените ѓаволи“ пристигнува како слободен играч, откако му истече договорот со Брентфорд. Тој пристигнува во Манчестер Јунајтед на инсистирање на новиот менаџер на англискиот клуб Ерик Тен Хаг.

Ериксен на почетокот на годината потпиша шестмесечен договор со Брентфорд. Во декември 2021 година, данскиот фудбалер ја прекина соработката со Интер, бидејќи не можеше да игра во Италија поради вграден дефибрилатор. Тој на 12 јуни минатата година доживеа срцев удар на теренот на натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство.

Ериксен (30) ја започна својата сениорска кариера во Ајакс, а потоа играше за Тотенхем, Интер и Брентфорд.

Слични содржини