Ериксен: Се враќам во игра за 4-5 месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијан Ериксен ги увери соиграчите во Интер дека кариерата како фудбалер не е завршена.
„Имам среќа. Ќе можам повторно да играм за 4-5 месеци“, рече тој вчера за време на неговата посета на базата „нероазурите“, пренесе „Кориере дело Спорт“.

Сепак, се уште не е јасно дали данскиот репрезентативец ќе продолжи да носи дефибрилатор. Во Италија е забрането професионалните спортисти да бидат со таков, што значи дека ќе мора да игра на друго првенство.

Ериксен доби срцев удар за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска на ЕП 2020. Едвај вчера се врати во таборот на Интер, но досега не тренира.

Слични содржини