Ерменија: Доколку е потребно, Русија ќе ја осигури нашата безбедност

од Vladimir Zorba

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан е убеден дека Русија, доколку е потребно, ќе му помогне на Ереван со цел да се обезбеди безбедноста на земјата, со ангажирање на нејзините вооружени сили.

Според него, тоа е предвидено со договорот меѓу двете земји.

„Во Ерменија се наоѓа 102-та руска воена база, имаме единствен систем за противвоздушна одбрана. Договорот за тој систем многу прецизно предвидува во кои случаи тие вооружени сили можат да се користат со цел да се обезбеди безбедноста на Ерменија … Убеден сум дека Русија ќе ги исполни своите договорни обврски доколку има таков случај“, рече Пашинијан во интервју за „Билд“.

Да потсетиме, ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на крајот на септември. Баку и Ереван се обвинуваат едни со други за избувнувањето на конфликтот.

Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација. Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.

Слични содржини