ЕСЧП: Задолжителната вакцинација е легална и може демократските земји да ја употребат

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) пресуди дека задолжителната вакцинација е легална и може да биде потребна во демократските општества.

Пресудата беше донесена во четвртокот и уследи по заклучокот на жалбата што чешките семејства ја доставија до судот поради задолжителна вакцинација на деца, пишува Дојче веле.

Европскиот суд за човекови права, на кој се обратија родителите на деца од Чешка кои не беа примени во градинка поради невакцинирање, оцени денес дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“.

„Оваа пресуда ја зголемува можноста за задолжителна вакцинација во сегашната епидемија на Ковид-19“, изјави за агенцијата Франс Прес, адвокатот Никола Ервије, специјализиран за ЕСЧП. Сепак, тој ја нагласува „слободата на проценка што судот им ја остави на државите во врска со прашањето за политиката за вакцинација“.

Експертот исто така посочува дека во одлуката на судот е наведено „општ консензус за позитивните ефекти од вакцинацијата, што не се доведува во прашање поради неизбежните несакани ефекти затоа што постои строга научна контрола“.

Судот, како што додава, го поддржува „принципот на социјална солидарност што може да го оправда наметнувањето вакцинација на сите, дури и на оние кои се чувствуваат помалку загрозени од болеста, кога станува збор за заштита на најзагрозените лица“.

ЕСЧП проценува дека задолжителната вакцинација на деца во Чешка против девет болести (дифтерија, тетанус, детска парализа …) не ги крши одредбите на Европската конвенција за човекови права кога станува збор за „правото на почитување на приватниот живот ”

„Политиката за вакцинација ги следи легитимните здравствени цели, како и правата на другите, бидејќи ги штити и оние кои примаат вакцини и оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини“, рече судот, додавајќи дека луѓето кои не можат да примат вакцина, тогаш; зависат од колективниот имунитет за да се заштитат од тешки заразни болести “.

Чешка „затоа има голема слобода на проценка во тој контекст“, наведува судот чии одлуки не можат да се обжалат и посочува дека „интересите на децата мора да имаат предност пред сите одлуки што ги засегаат нив“.

 

Слични содржини