Ескобар пред посетата на Косово: Имаме проблем во комуникацијата со Курти

Ескобар истакна дека САД и неговите партнери како ЕУ, НАТО, Велика Британија, но и Албанија и Македонија имаат проблем во комуникацијата со косовскиот премиер

од Бети Божиноска

Во пресрет денешната посета на Приштина, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, вели дека САД се посветени на продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека дијалогот нема алтернатива., пренесува српска „Политика“.

Тој ги повика Белград и Приштина да го почитуваат договореното во Брисел и да го спроведат со добра волја и да спречат провокации.

„Тоа е и причината за моето патување на Косово“, рече Ескобар .

Ескобар истакна дека САД и неговите партнери како ЕУ, НАТО, Велика Британија, но и Албанија и Македонија имаат проблем во комуникацијата со косовскиот премиер Албин Курти.

„Партнерството на САД и народот на Косово не зависи од една личност или партија, но имаме проблем во комуникацијата со Курти. Имавме многу блиско партнерство со Косово во минатото, многу би сакале тој однос да бидете како порано“, изјави Ескобар.

Тој рече дека со игнорирањето на дијалогот со Белград, Приштина ги игнорира своите европски партнери, кои поради тоа, како што наведе, е невозможно да се убедат за натамошна интеграција на Косово на меѓународната сцена.

Ескобар се осврна и на изјавата на американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, дека во моментов е тешко САД да ја поддржат Приштина на меѓународен план.

„Патот кон ЕУ и НАТО води преку пет земји што го немаат признато Косово. Тие земји би сакале да видат напредок во сите прашања опфатени со дијалогот што го води ЕУ. Со игнорирање на дијалогот, Косово ги игнорира европските партнери, така што не е можно да ги убедиме за напредок во понатамошната интеграција на земјата. Многу сум загрижен што Косово не ја слуша американската понуда за партнерство за побрз напредок во интеграциите“, рече Ескобар.

Ескобар рече дека заедно со својот тим во Приштина ќе се фокусира на ефектите и на можното решение за некоординираната одлука за забрана на динарот и трансферите на пари од централна Србија за луѓето во Косово кои зависат од овие социјални бенефиции.

Тој ја нарече одлуката на Централната банка на Косово за укинување на динарот катастрофална, посочувајќи дека Приштина не обезбедила алтернатива за луѓето погодени од неа и ги повика косовските власти да соработуваат со меѓународната заедница за да се најде решение за проблемот, посочувајќи дека постојат многу извештаи за потешкотиите со кои се соочуваат косовските граѓани кои зависат од исплатите од Србија.

Американскиот дипломат ја повика Приштина сериозно да јља зфати и загриженоста на меѓународната заедница поради третманот на малцинствата на Косово.

На прашањето за Заедницата на српски општини, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини предложен од ЕУ и дека на САД им е тешко да разберат зошто се игнорира тоа прашање.

„Сакам повторно да нагласам: ЗСО нема да биде друга Република Српска. Тоа нема да биде држава во држава во статутот што дозволува извршна власт или што било што може да создаде уставни или функционални прашања за Косово. Тоа е едноставно можност за општините со мнозинско српски население да се координираат околу обезбедувањето општински услуги на српски јазик за граѓаните на Косово.Тоа е тоа“, вели Ескобар, нагласувајжи дека тоа е правно обврзувачко за Приштина.

Слични содржини