Ескобар со реакција за ставањето на Мерко на „црната листа“ на САД

од Vladimir Zorba

Се надевам дека ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Албанската редакција на Гласот на Америка.

Тој одговараше на прашањето дали очекува политички последици откако САД на 20 јуни го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Стејт департментот соопшти дека Мерко додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

Слични содржини