Длабока загриженост за актуелната политичка ситуација во Македонија изрази и делегацијата на Европската Унија во ОБСЕ,  посочувајќи го незаконското прислушување

evropska-unija

Брисел ги повикува сите политички лидери да преземат одговорност и да соработуваат за да го надминат политичкиот  ќорсокак со тоа што ќе го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите во интерес на своите граѓани.

За таа цел неопходно е да се истражат сите обвинувања за прислушувањето.

Европската Унија е длабоко загрижена заради индикациите за широко раширено незаконско прислушување на граѓаните, вклучувајќи го граѓанското општество и новинарите, како што посочи и претставникот за слободата на медиумите. Се придржуваме до повиците до владата на поранешната југословенска република Македонија да осигура дека содржината  и суштината на обвинувањата ќе биде целосно и транспарентно истражена, со целосно почитување на правната процедура и принципот за презумпција на невиноста, потенцира ЕУ.

Европската Унија е загрижена за владеењето на правото во Македонија, како и за слободата на медиумите, кои се централни вредности на секое демократско општество и важни за процесот на проширување.

ЕУ ги нагласува и инцидентите на говор на омраза во медиумите во Поранешната Југословенска република Македонија, кои се повторуваат.

ЕУ е длабоко загрижена заради континуираното влошување на ситуацијата во однос на слободата на изразувањето и на медиумите во државата, предупредува ЕУ.

И мисијата на ОБСЕ во Македонија реагираше на говорот на омраза и достави претставка до Советот за етика во медиумите против Миленко Неделковски, бидејќи ја надминал црвената линија во говорот на омраза што не смее да се толерира. Минатата недела и американскиот амбасадор во ОБСЕ  изрази загриженост за политичката ситуација во Македонија  по сериозните обвиннувања кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите и судството, како основни демократски вредности.

Слични содржини