ЕУ на 6 април се собира на вонредна средба за Брекзитот на Велика Британија

од desk2

Европската унија планира посебен самит на 6 април, ако Британија ја активира постапката за излегувањето од заедницата овој месец, како што се очекува, соопштија извори од Брисел. Лидерите на земјите членки ќе се состанат во Брисел на 6 април, за да ги одредат параметрите на двегодишниот процес на преговори за Брекзит.
Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави дека планира да го активира член 50 од договорите на ЕУ до крајот на март.

Во јуни 2016 Британците гласаа на референдум во корист на напуштањето на ЕУ.

Од канцеларијата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ги предупредија дипломатите да не акажуваат обврски за 6 и 7 април, за да можат да учествуваат на средбата, ако Меј го одржи ветувањето.

Слични содржини