Повеќе физичка активност и избалансирана исхрана, им препорача ЕУ на министрите за здравство на Унијата. Членките ги примија упатствата за борба против детската дебелина, кои треба да се применуваат од страна на националните влади.
Меѓу препораките се барем по 60 минути дневно моторна активност за децата и три пати неделно вежби за мускулите и коските. Во моментов спортската активност во училиште е мала. ЕУ смета дека децата треба да се движат токму таму, бидејќи најмалку една третина од денот поминуваат во училиште.
На образовните институции им се препорачува здрава исхрана, да вечераат во училиште, наместо да се хранат со висококалорична и масна храна надвор.
ЕУ смета дека националните власти треба да развијат насоки за родителите, наставниците и добавувачите на храна за здрава исхрана на децата. Брисел е на мислење дека за училиштата треба да се објавуваат јавни набавки, за развој на менија и достава на храна, па најздравите диети “да се промовираат на фер и транспарентен начин”. Советот на министрите за здравство смета дека со налозите и развојот на исхраната може да влијае и на пазарот, како производителите на здрава храна да добијат подобра шанса.
Во исто време, министрите сметаат дека е подобро да се постават законски параметри за храната во училиште, наместо да се потпира на добрата волја на директори и вршители на храна да се грижат за балансираната исхрана.
Здравствените министри сметаат дека новороденчињата треба да се дојат или хранат со специјализирани храна во првите 6 месеци, бидејќи мајчиното млеко и специјалните формули не само што му помагаат на развојот на бебето, туку и ги зголемува шансите да порасне здраво.
Инструкциите на ЕУ се во директна врска меѓу дебелината и приходите на родителите, наведувајќи дека децата во сиромашните семејства се во поголем ризик од прекумерна тежина и висок крвен притисок, астма и дијабетес Тип 2. 60 отсто од децата растат како возрасни со прекумерна тежина. Покрај тоа што е штетно за здравјето, го оптеретува и здравствениот буџет поради хроничните болести поврзани со него.
Затоа министрите ги советуваат земјите членки да организираат редовни медицински прегледи за идентификување на децата со ризик од дебелина и да обезбедат програми за лекувањето на најтешките случаи. Министрите за здравство побараа од Европската комисија да предложи закон кој ќе го ограничи рекламирањето на висококалорична, слатка, солена и масна храна на социјалните мрежи, како и спонзорството на такви производители на настани, посетувани или насочени кон децата. Се препорачува производителите да бидат поттикнати да прифатат етички кодекси, со кои ќе се вклучат со одговорно однесување кон проблемот со дебелината и прекумерна тежина кај децата.