ЕУ воведува вербален деликт за лица кои го поддржуваат Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Новата регулатива на Европската унија предвидува, покрај финансиските врски, на црната листа да се најдат и лицата кои јавно поттикнуваат и поддржуваат насилни акции на Хамас против Израел.

Шест лица се додадени на европската листа на санкционирани поради нивните финансиски врски со Хамас и Палестинскиот исламски џихад, но новата регулатива на Унијата предвидува дека, покрај финансиските врски, црната листа треба да вклучува и лица кои јавно поттикнуваат и поддржуваат насилни дејствија на Хамас против Израел, за кои некои велат дека лесно може да ја преминат границата од забрана на говор на омраза до вербален деликт.

Во исто време, ЕУ работи и на друга патека, но многу побавно: Дебатира дали треба да ги санкционира, првенствено со забрана на патувања, т.е. укинување на визите, екстремистичките Евреи, доселениците на Западниот Брег.

Еден од шесте мажи кои беа ставени под нови санкции пред неколку дена е Муса Дудин, Палестинец од Хеброн на Западниот Брег, дел под израелска окупација. ЕУ го нарече „висок оперативец на Хамас и член на политичкото биро на Хамас“.

Меѓутоа, ЕУ не го стави на списокот само поради финансирањето на Хамас, туку и поради тоа што „често даваше јавни изјави во име на организацијата“. Хамас веќе е вклучен меѓу терористичките организации на ниво на ЕУ, а тоа го направија и некои земји во светот (САД) и поединечно некои европски земји.

На ниво на ЕУ, последната одлука во врска со лицата поврзани со Хамас прецизира што ќе биде неприфатливо во иднина. Според тој декрет, лицата кои „ја поткопуваат или ја загрозуваат стабилноста или безбедноста на Израел, во врска со, под името, во име или со поддршка на Хамас“ можат да бидат вклучени во списокот на санкционирани лица.

Според новиот режим на санкции во врска со Хамас, ЕУ може да ги санкционира оние кои материјално или финансиски го поддржуваат Хамас или палестинскиот исламистички џихад. Може да ги казни и оние кои учествуваат во планирање, подготвување или олеснување на насилни акции на Хамас или Палестинскиот исламски џихад.

Слични содржини