Градоначалникот на Назарет Илит во Галилеја на северот на Израел има намера да го промени името на градот кој се наоѓа до библискиот Назарет за да се избегне конфузијата на посетителите.

„Време е Назарет Илит да добие независен идентитет и да се заврши со кофузијата меѓу нас и соседниот град Назарет“, вели градоначалникот Ронен Плот.
Според христијанското верување семејството на Исус Христос е од Назарет во кој архангелот Гаврил и најавил на Двеа Марија дека ќе го роди Исус и каде Исус го поминал најголемиот дел од својот живот.
Општината Назарет Илит наведува дека конфузијата трае од 1956 година која првиот израелски премиер Давив Бен-Гурион одлучил новонастанатото место да се вика Кирјат Назарет а подоцна Назарет Илит „Горен Назарет).
Иако се оддалечени само 3,5 километри Назарет Илит и Назарет се два сосема различни града. Во библискиот Назарет живеат Арапи, а има околу 75.000 жители, додека во Назарет Илит, Евреи со потекло од Русија и ги има околу 51.000.
Предлогот за промена на името ќе биде доставен до градскиот совет на 21 ноември.