ЕВРОПА НА ЧЕКОР од вакцинација со Спутник V: ЕМА ја разгледува документацијата за руската вакцина

од Vladimir Zorba

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека започнала со разгледување на документацијата за вакцината Спутник V развиена од рускиот институт „Гамалеј“, со цел да се одобри лиценцата за употреба во Европската унија, пренесе Ројтерс.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на Спутник V со стандардите на ЕУ кога станува збор за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува РИА Новости.

Унгарија и Словачка веќе ја одобрија употребата на Спутник V, без да чекаат вакцината да биде одобрена од ЕМА.

Руската новинска агенција наведува дека Спутник V досега е регистриран во 42 земји.

Слични содржини