Во повеќето земји од ЕУ имаат нереална слика за тоа колку луѓе проповедаат ислам
Во повеќето земји од ЕУ сметаат дека бројот на муслиманите е многу поголем од реалните и при тоа се зголемува со неверојатна брзина.
Во Велика Британија на пример веруваат дека 1 од 6 Британци е муслиман, додека реално тоа е точно за 1 од 20. Резултатите од истражувањето покажуваат дека според анкетите 15% од населението се муслимани, а всушност само 4,8% се такви.
Покрај тоа Британците очекуваат до 2020 година 22% од населението на Островот да исповедаат ислам , додека прогнозата на институтот “Пју” е дека тоа е само 6%.
Во Франција ситуацијата е слична. Според масовната идеја 31% од населението во земјата е муслиманско, при реален удел од 7,5%.
Французите исто така имаат нереално големи очекувања за тоа до кој степен ќе се зголеми бројот на муслиманите во нивната земја до 2020 година просечниот став е дека муслиманите ќе бидат 40% од населението, што е скоро пет пати повеќе од предвидувањата 8,3% од “Пју”.
Французите сепак не се единствените кои имаат такво погрешно разбирање – Италијанци, Германци и Белгијци исто претпоставуваат дека над една петтина од населението на земјата се состои од муслимани, додека во реалноста тоа е од 3,7% во Италија до 7% во Белгија .
Во САД анкетираните сметаат дека еден од шест е муслиман. Според “Пју” сепак таков е еден од секои 100 американски граѓани.
