Европскиот парламент ја повика ЕУ да работи на почетокот на преговорите за членство на Украина

од Nikola Popovski

Пред утрешниот самит ЕУ-Украина во Киев, членовите на Европскиот парламент (ЕП) денеска усвоија резолуција со која се повторува посветеноста на Украина за членство во ЕУ и потребата од пристапен процес заснован на заслуги.

-Европската унија треба „да работи на почетокот на пристапните преговори“ и „да ја поддржи патоказот на кој се наведени следните чекори за да се овозможи пристап на Украина на единствениот пазар на ЕУ“, се наведува во текстот на резолуцијата.

Во текстот, исто така, се повикуваат украинските власти да воведат суштински реформи со цел што е можно поскоро ефективно усогласување со критериумите за членство во ЕУ.

Европратениците нагласуваат дека пристапувањето е процес заснован на заслуги кој вклучува следење на релевантните процедури и исполнување на реформите и критериумите за пристапување поврзани со ЕУ.

Украина ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ на 28 февруари 2022 година, а во јуни доби статус на земја кандидат за членство.

Слични содржини