Евросонг 2017: Македонија не влезе, ама еве кои влегоа во финалето

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Претставничката на Македонија на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија Јана Бурческа настапуваше синоќа во Киев на втората полуфинална вечер, но не успеа да избори настап и на финалната вечер, која ќе се одржи утревечер.

Синоќа финале изборија претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.

На првата полуфинална вечер, финале обезбедија претставниците на Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија.

Инаку, македонската претставничка, во промотивното видео најави дека е бремена, а за време на паузата нејзиното момче ја побара за жена, што првпат се случува на некоја Евровизија

Сензација на Евровизија! Погледнете што се случи минутa пред гласањето на Јана Бурчевска!

Слични содржини