Евровизија нема да се одржи во Украина: Британија потенцијален домаќин

од Stefanija Kuzmanovska

Организаторите на „Песна на Евровизија“ најавија дека натпреварот потенцијално следната година ќе се одржи во Британија, бидејќи Украина, разурната од војна, не е во можност безбедно да го организира.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира настанот, објави дека е во разговори со украинскиот јавен радиодифузер UA: PBC за тоа како ќе го одржи настанот откако Kalush Orchestra победи на овогодинешното издание. Сепак, се наведува дека по разгледувањето на прашањето за безбедноста во земјата, која во моментов е во војна со Русија по инвазијата на Владимир Путин во февруари, не постои можност таа да се одржи таму.

Наместо тоа, ЕБУ соопшти дека ќе разговара со Би-Би-Си за одржување на настанот во Британија, откако Британецот Сем Рајдер заврши на второто место.

„По нивната победа на Изборот за песна на Евровизија во мај, ЕБУ ги истражуваше опциите за домаќин на натпреварот следната година со украинскиот јавен радиодифузер UA: PBC, кој претходно ги организираше настаните во 2017 и 2005 година.

Слични содржини