„Фајзер“ ќе стигнат во февруари, премиерот би се вакцинирал меѓу првите за да даде пример

од Берта Китинска
195 прегледи

Вакцината „Фајзер“ во земјава  ќе стигнат во февруари. Покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои дел од вакцините за земјава

-Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер” ќе стигнат во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и најмалку уште толку во април. Чекаме датум кога ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот. Покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата. Први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани. Вакцината ќе биде бесплатна за сите, изјави министерото за здравство Венко Филипче.

Државата може да ја плати вакцината , вели премиерот Зоран Заев.

Според него, ние сме земји кандидати, ние сме со адаптирани законодавства повеќе или помалку сите земји од Западен Балкан.

„Европскиот комесар не информираше дека 70 милиони евра грантови ќе има буквално да се платат вакцините, тоа е важно но не е најважно, најважна е вакцината, ние ќе си ја платиме вакцината. Државата може да ја плати вакцината која и да е од групите на вакцини, дали е Фајзер, дали е АстраЗенeка, дали се било кој од вакцините ќе си ги платиме вакцините, важно е да стигнат навремено“, вели Заев, додавајќи дека без да ги крши протоколите, би бил меѓу првите кои ќе ја примат вакцината.

„Ако притоа е важно за сите да оцениме оти треба да го дадам примерот, јас ќе го дадам веднаш, несакајќи да ги прекршам протоколите односно да ги скокнам лекарите и пензионерите или хронично болните. Меѓутоа, сигурно ќе бидам меѓу првите што ќе ја прими вакцината за да испратам порака дека е здрава, дека е безбедна“, рече Заев.