Фатен бегалец од затворот „Шутка“

од Nikola Popovski

Полициски службеници уапсиле жител на Кичево кој избегал од затворот „Шутка“.

Според МВР, денеска (31.01.2023) на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(42) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната.

Слични содржини