Фатени 48 пијани возачи на територија на СВР Битола, еден „дувнал“ 2,09 промили алкохол

од Nikola Popovski
187 прегледи

Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 48 возачи.Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5 во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци.

Како што објави МВР, двајца возачи биле фатени со 1,99, односно 2,09 промили алкохол во крвта, преку мерење со полицискиот дрегер.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, порачаа од полицијата.

Слични содржини