Фејсбук призна: Цензуриравме одредени вести кои мислевме дека се лажни, но не со намера

од Nikola Popovski
299 прегледи

Најголемата социјална мрежа призна дека одредени вести ги цензурирала како лажни, а всушност тие не биле лажни.

Фејсбук помпезно најави механизми за борба против лажни вести пред политичката изборна кампања не само во Америка, туку и во целиот свет. Но според ова, произлегува дека не се држи до своето ветување.

Според АП, Фејсбук признал дека поради техничка грешка, обележал голем број на вести за коронавирусот како лажни, блокирајќи ги од читање. Тие биле отстранети од од мрежата во некои случаи, со што корисниците биле спречени да ја читаат.

Накратко – многу вести за короналниот вирус се обележани од Фејсбук како СПАМ.

Корисниците на мрежата пријавија во Фејсбук дека им недостасуваат вести со извештаи за затворање на училиштата, привремените и тековните мерки за борба против коронавирусот и многу други, и не се во можност да ги прочитаат иако им веруваат на медиумите или страниците и поединците, кои ја споделиле оваа вест.

Гај Розен, еден од извршните потпретседатели на Фејсбук, преку својот Твитер профил, потврди дека се свесни за техничката грешка што довела до несреќните ситуации и дека се работи на нејзино отстранување.

Интересно е што Розен истакна дека проблемот нема никаква врска со фактот дека модераторите работат од дома и дека нивната работа продолжува непречено и непроменето, без обѕир на тоа што голем број луѓе од компанијата Фејсбук работат од дома заради коронавирусот. Сепак, американските медиуми шпекулираат дека тоа е токму една од причините, затоа што „човечките“ модератори не работат, а машинските очигледно не ја вршат успешно својата работа.

Ако забележите дека вообичаена вест е означена како лажна – пријавете на страницата или медиумот кој ја објавил, како и до мрежата на Фејсбук.

https://twitter.com/alexstamos/status/1240060312520232961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1240060312520232961&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FMobIT%2FTech-Vesti%2Fa1297270%2FFacebook-lazne-vesti-virus-korona-spam-Facebook-greska-lazne-vesti-Facebook-korona-lazne-vesti.html%3Ffbclid%3DIwAR1L6POKd67uNOx16f4_gkGtQk5HvJsOY8K2Zjj-v0Zve_5pi9FCsOWJiYI

Слични содржини