Фејсбук забрани рекламирање на крипто-валути

од Vladimir Zorba

Фејсбук ќе го забрани рекламирањето на крипто-валути и бинарни опции, објави прес-службата на социјалната мрежа на нејзината страница.

„Ние воведуваме нова политика со која се забранува рекламирање на финансиски производи и услуги поврзани со лажни или измамнички технологии, како што се бинарни опции и крипто-валути“, се вели во соопштението.

Фејсбук, исто така, сака корисниците да пријавуваат мислења кои ги прекршуваат новите правила.

Слични содржини