ФИФА го исполни барањето на Украинците

од Vladimir Zorba

Полуфиналниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Шкотска и Украина е одложен.

Споменатиот дуел требаше да се одигра на 24 март на „Хемпден“ во Глазгов, но Украинците побараа од ФИФА да го одложи поради војната во нивната земја.

Светската фудбалска федерација им излезе во пресрет, а поради тоа беше одложено финалето на баражот во кое Шкотска или Украина ќе се сретнат со подобриот од дуелот Велс – Австрија.

Новиот датум најверојатно ќе биде во јуни, но ФИФА допрва треба да го потврди тоа, пренесе Би-Би-Си.

„Фудбалот е неважен среде конфликт. Имаме силно чувство на солидарност што ни го пренесоа последните денови од навивачите и граѓаните на Шкотска. Им понудивме поддршка на нашите украински колеги што е можно повеќе во овие тешки околности“, изјави претседателот на локалната федерација Род Петри.

Да потсетиме, Русија која во баражот требаше да се сретне со селекцијата на Чешка беше исфрлена од баражот.

Слични содржини