ФИФА СО УШТЕ ЕДНА НОВИНА ВО КАТАР: Играчите нема да ги гледаме само на теренот

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Светското првенство кое оваа есен се одржува во Катар ќе биде специфично по многу нешта. Секако, фановите од Европа и поголемиот дел од светот не можат да „простат“ што нема да го гледаме во текот на летото, а покрај тоа се подготвуваат и други новини.

Една од главните е тоа што нема да има алкохол во склад со културата и традицијата што се одгледува во оваа земја, а како што стојат работите се подготвува уште една промена која можеби толку нема да им се допадне на играчите и тренерите.

Имено, сите селекции би можеле да се снимаат во нивните соблекувални за време на натпреварите, а сето тоа директно да се пренесува на телевизија. Планот е да се постават камери во сите простории за да се даде пореална слика за однесувањето на фудбалерите.

На тој начин ФИФА планира да постави камери во соблекувалните, што значи дека играчите ќе треба да водат сметка за нивното однесување, бидејќи таа слика може да се емитува директно за време на самите натпревари.

Интересно е што веќе имаме слично нешто и во некои други спортови, каде што може да се види како тренерите им даваат инструкции на своите играчи и како тие реагираат на тоа.

– Тоа е проект кој е на добар пат, но се уште не е целосно реализиран – изјавија за француски „РМЦ Спорт“ од седиштето на ФИФА.

Слични содржини