“Фигаро”: Три грешки на Мелани, кои може да го урнат Трамп

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Плагијат, голи слики и сомнителна диплома се слабостите на убавицата

мелан
Три грешки на Мелани Трамп можат да ја  чинат победата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп на претседателските избори, пишува весникот  “Фигаро”.
Првата е плагиатстването на делови од говорот на Мишел Обама во говорот кој таа го произнесе на конгресот на американските републиканци минатиот месец.
Втората е малку необичната кариера на Мелани на манекенка. Овие денови за оваа кариера потсети и  “Њујорк пост”, кој објави во неделата и понеделникот на видно место две голи слики на Мелани Трамп, направени во 1995 година, кога таа беше само 25 години и дури  и не го  познавала милијардерот Трамп. Кадрите биле за списанието. “Макс”, направени се од француски фотограф кој раскажува дека Мелани никогаш не се чувствувала непријатно кога се  фотографирала гола.
1470038837-me2 1470038837-me3Патем “Њујорк пост” е на милијардерот Руперт Мардок и во април изданието рече дека ќе го  поддржа Трамп за претседателски кандидат на републиканците, па сега се поставува прашањето дали тоа  го има променето својот ум.
Третата грешка на Мелани фигурираат во нејзиниот интернет сајт кој до неодамна беше отворен за посета. На 28 јули тој беше сепак затворен, бидејќи ги  покривал по адекватен начин нејзините дела и професионални интереси, како што рече самата Мелани. На сајтот се споменуваше дека таа има диплома за дизајн и архитектура од Универзитетот на Словенија. Но сопругата на магнатот никогаш не зборувала за оваа диплома во интервјуата кои ги  давала. Таа само  велела дека  учела во Словенија дизајн и архитектура, а потоа отишла да живее во Милано и Париз за да се посвети на кариерата на манекнка. Нејасноста околу историјата со оваа диплома за која се споменуваше во сајтот на Мелани, може да поткопа довербата на Американците кај неа и нејзиниот сопруг.