Филипче: Денес имаме околу 1000 новозаразени, мерките даваат резултат

од Nikola Popovski

„Денес имаме околу 1000 новозаразени, што значи дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и дека мерките ги даваат резултатите“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, освен болниците во Куманово и Битола кои се презафатени, останатите се во добра состојба со оглед на притиското, кога се работи за бројот на слободни кревети.

„Денес завршува вакцинацијата на критичната структура, а од утре почнуваме со постарите граѓани. Исто така од утре ќе почнеме и со вакцинирањето на помладите од 75-годишна возраст. До крајот на денот, ќе останат уште 2500 дози од Спутник V. Најавени се и масовни вакцинации во градовите Куманово, Штип, Охрид, Тетово, Кавадарци“, извести Филипче.

Според официјалниот сајт „вакцинација.мк“, досега се вакцинирни 29.263 луѓе од 155.297 регистрирани. Покрај во „Борис Трајковски“, пунктови за вакцинација има уше во три поликлиники во Скопје и во здравствените домови во 34 градови.

Слични содржини