Филипче го поддржува Договорот со Велика Британија, но бара одговор од Владата дали разговараат за сместување на мигранти

од Nikola Popovski
326 прегледи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче бара Владата да излезе со детали за Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Смета дека има обврска, имајќи предвид дека ваква рамка за 6 милијарди евра, досега нашата земја не потпишала со ниту една институција или влада.

Филипче вели дека неговата партија го поддржува Договорот и дека изминатата влада потпишала еден сличен договор за стратешка соработка со Велика Британија. Оценува дека Обединетото кралство е наш сериозен партнер и давала поддршка на Македонија. Вели дека договорот ќе биде ратификуван од пратениците на СДСМ во Собранието.

-Имено на „ABC News“ непосредно после самитот (во Тирана) излезе информација дека откако Албанија го одбила договорот со Велика Британија да прими мигранти, лидерите на Косово и Македонија кажале дека исто така не се согласуваат да има кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање дали навистина се спремни со Британија да разговараат за сместување на мигранти во нашата земја, праша Филипче на прес-конференција во седиштето на неговата партија.

Според него, спорно е потеклото на парите, како и висината на каматната стапка која се уште не е позната.

Слични содржини